Top Sport

Чави дефанзивната криза ќе ја решава со Френки де Јонг

Пред бурните и клучни осум дена во кои ќе играат три меча, против Селта Виго, Интер и Реал Мадрид, Барселона се соочува со дефанзивна криза, која тренерот Чави Ернандез ќе ја решава со холандскиот фудбалер од средниот ред, Френки де Јонг.

Ектор Белјерин, Жил Кунде, Роналд Араухо и Андреас Кристенсен се повредени, така што Чави призна дека е можно Де Јонг да игра во одбрана.

„Френки може да игра како централен дефанзивец, тоа е нешто на што работевме пред сезоната. Бидејќи е моќен и брз играч,таа позиција му одговара. Имаме среќа што нашите фудбалери се способни да играат на повеќе позиции“, вели Чави.

Единствена друга опција е 19-годишниот Чади Ријад, кој уште нема деби за сениорскиот тим, но, тој неодамна пристигна од Барселона Атлетик, каде што беше постојан првотимец под тренерот Рафа Маркез.

Scroll to Top