Тренерот на Ал-Сад и легенда на Барселона, Чави Ернандез се врати на работа по позитивниот тест на корона вирус, потврди катарскиот клуб.
Ернандез во саботата објави дека нема да може да патува со својот тим за дуелот од Старс лигата против Ал-Хор, но во средата, тимот потврди дека тој се враќа на работа и покрај тоа што би требало да биде во изолација.
„Ал-Сад денес го изврши својот тренинг пред мечот со Ал-Ахли во понеделник, и на клубот му се приклучи тренерот Чави Ернандез по опоравувањето од корона вирусот, на кој беше позитивен пред 14 дена. Сите во тимот му посакуваме добредојде“, се вели во соопштението на клубот.