Top Sport

Чави и Куман ја одбиле Барса?

Потрагата на Барселона за наследник на Ернесто Валверде на клупата на шпанскиот шампион не оди најдобро, откако две поранешни легенди на клубот во неделата ги одбиле понудите – Чави Ернандез и Роналд Куман.

Чави по состанокот со генералниот директор на Барса, Оскар Грау и техничкиот директор Ерик Абидал во Катар, им соопштил дека планира да остане тренер на Ал-Сад, но дека би бил заинтересиран да стане тренер на својот матичен клуб на лето.

Сличен одговор дал и селекторот на холандската репрезентација, Роналд Куман, кој смета дека не треба да ја пропушти шансата да ги предводи „оранје“ на Европското првенство во текот на летото. Куман неодамна призна дека во неговиот договор има клаузула за прекин на договорот со Холандија доколку се јави Барселона, но ниту нему не му се допаѓа идејата да го преземе клубот во сред сезона.

Scroll to Top