Top Sport

Чави: Лев е добар избор за Барселона

Селекторот на фудбалската репрезентација на Германија, Јоаким Лев по Европското првенство ова лето ќе го напушти кормилото на „панцирите“. Затоа започнаа шпекулации каде би можел да ја продолжи кариерата.

Легендата на Барселона, Чави Ернандез би бил задоволен ако Лев го види на клупата на Барса.

„Јоаким Лев? Елитен стручњак. Неговата игра е еден вид спектакл, секогаш напаѓа, така стана светски првак, секогаш сака да постигне повеќе. Поради начинот на кој го разбира фудбалот мислам дека би бил погоден. Мислам дека Лев би бил добар избор за Барселона“ рече Чави кој е актуелен кормилар на катарски Ал Сад.

За потсетување, актуелниот тренер на Каталонците – Роналд Куман има договор со клубот до 2022 година.

Scroll to Top