Top Sport

Чави: Меси секогаш е добредојден во Барселона

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез вели дека во каталонскиот клуб секогаш ќе биде отворена вратата за Лео Меси додека тој е тренер, по шпекулациите дека Аргентинецот се кае за трансферот во Пари Сен-Жермен.

Меси има тешка прва година на „Паркот на принцовите“, постигнувајќи само два гола во лигата, а минатиот викенд беше дочекан со свирежи по поразот од Реал Мадрид во Лигата на шампионите.

„За мене, Меси е најдобриот. За него вратата секогаш ќе биде отворена, и додека јас сум тренер, ако сака да дојде да гледа тренинг или да зборува со било кого, јас сум тука. Клубот му должи многу . Тоа што ни го даде тој нема цена. Но, тој има договор со ПСЖ и не можам да кажам нешто повеќе“, вели Чави.

Scroll to Top