Top Sport

Чави: На Барселона и недостасува „убиствен“ инстинкт

И покрај тоа што се вратија на победите со тежок 1:0 триумф над Валенсија, тренерот на Барселона, Чави Ернандез вели дека жали што во неговиот тим недостасува „убиствен инстинкт“.

Рафиња ги донесе Барса во водство во првото полувреме, но потоа во второто Феран Торес утна пенал, а Роналд Араухо доби црвен картон, за да се намачат да ја осигураат победата.

„Морамае да научиме како да ги ‘убиеме’ натпреварите. Имавме многу шанси да го направиме тоа и не го направивме, а потоа со црвениот на Араухо се мачевме до крај. Ова се мечеви во кои мораме да зборуваме за убедливи победи, но поради лоша реализација мораме да страдаме. Задоволен сум од посветеноста, но многу работи мора да функционираат подобро“, вели Чави.

Scroll to Top