Top Sport

Чави: На Роналдо нема да му е лесно, саудиската лига е „компликувана“

Чави Ернандез, тренерот на Барселона и поранешен прв човек на катарскиот клуб Ал-Сад инсистира дека Кристијано Роналдо нема да има лесна задача во саудискиот Ал-Наср, бидејќи Саудиската Про лига е „компликувана“

Голем број на фудбалски фанови се разочарани што Роналдо ќе игра во „слабата“ азиска лига, но Чави вели дека Португалецот ќе мора да го крене нивото за да ги задоволи фановите во Саудиска Арабија.

„Тој потпиша за еден од најсилните клубови во Саудиска Арабија, но тоа не значи дека нема да има предизвик. Таа лига е многу компликувана. Играв против неколку од нивните тимови кога бев тренер на Ал-Сад и добро го познавам нивниот фудбал. Ќе има голем предизвик“, вели Чави, кој се наоѓа во Саудиска Арабија, каде што неговата Барселона утре игра со Реал Бетис во Суперкупот на Шпанија.

Scroll to Top