Top Sport

Чави: Нејмар треба да работи на зрелоста, Меси е вистински лидер

Легендарниот играч на Барселона, Чави, ги коментирал засилени шпекулации дека Бразиелцот Нејмар побарал да се врати на „Ноу Камп“.

Чави смета дека Нејмар не покажува доволно зрелост и дека дури кога ќе поработи на тоа може да го достигне нивото на кое е Лионел Меси.

„Тие се целосно различни, од една страна го гледам Лео како зрел играч кој се работи онака како што треба, Нејмар има голем капацитет да направи разлика на теренот, само што мора да работи на својата зрелост. Тој може да го направи тоа и понатаму е еден од најдобрите играчи во светот“, изјавил Чави а „Супер депортиво де виља Тринидад“.

Чави рекол и дека не се согласува со мислењето на Марадона дека Меси не поседува лидерски способности и вештини за да биде капитен на Аргентина.

„Не се согласувам со Марадона. Меси е неверојатен лидер, можеби е мирен во тоалетот, но тој е апсолутен лидер. Секогаш се нуди, ја сака топката кај него, тој е исклучителна личност. Не ми се допаѓа кога поранешните фудбалери се премногу критички настроени кон колегите, не го кажувам ова само за Марадона“.

Чави исто така мисли дека Меси ќе продолжи да игра за репрезентацијата на Аргентина.

„Му треба време да се одмори и да размисли за се што се случуваше, но мислам дека нема да се откаже. Тој е натпреварувачки ѕвер и ќе се обиде да се натпреварува со Аргентина“, истакнал легендарниот играч на Барселона.

Scroll to Top