Рафиња продолжи со одличните игри за Барселона, и затоа не чудеше што беше лут кога беше заменет од страна на Чави Ернандез иако постигна еден гол и асистираше на уште еден при возбудливото 2:2 реми со Манчестер јунајтед во баражот во Лига Европа.
Бразилецот прво гестикулираше кога беше заменет, а потоа кога седна на клупата го удираше седиштето пред него. Чави вели дека ја сфаќа лутината, но додава дека Бразилецот се извинил.
„Ја сфаќам неговата лутина, но и јас бев лут. Ја направив замената мислејќи на тимот а не да покажувам со прст кон одредени фудбалери. Рафиња ми се извини, но немше потреба. Позитивно е кога некој сака да игра повеќе“, вели Чави.
Пред реваншот следната недела на „Олд Трафорд“, Чави нема да може да смета на својот талент, тинејџерот Гави, кој доби жолт картон за стартот на Фред и ќе го пропушти мечот поради суспензија. Покрај тоа, Педри мораше да биде заменет во првото полувреме поради повреда и останува да се види дали ќе може да заигра против „ѓаволите“.
La reacción de Raphinha tras ser sustituido.
— Carpetas Blaugranas (CB) (@carpetasFCB) February 16, 2023