Тренерот на Барселона, Чави Ернандез открива дека поразот од 3:1 од Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ во октомври целосно ја сменил сезоната за неговиот тим, и неговиот пристап кон неговиот тим.
Тогаш Реал доминираше на теренот, и Чави во интервју за каталонскиот „Спорт“ признава дека многу работи меѓу фудбалерите излегле на отворено и тоа помогнало да се освои титулата.
„Зборувавме долго, и фудбалерите и јас. И тоа беше момент во кој работите се сменија за мене и за тимот. Тогаш ги натерав да зборуваат, бидејќи јас секогаш зборувам. Веќе ме познаваа – се обидувам да бидам природен, искрен, да ги кажам директно работите и потребните критики. Тогаш тие зборуваа јас слушав, можеби два часа и тоа се одрази позитивно. Од тој момент станавме вистински единствен тим“, оценува Чави.