Top Sport

Чави се жали на тревата на стадионот во Франкфурт

Барселона, синоќа, избегна пораз во Франкфурт. Првиот четврт-финален натпревар во Лигат Европа против Ајнтрахт, заврши 1:1.

Тренерот на Барселона, Чави рекол дека е задоволен од резултатот, не и од играта на неговите избраници. За лошата игра, Чави, ја обвинил тревата на стадионот на Ајнтрахт.

„Тежок натпревар. Создадовме малку шанси, не сум задоволен како игравме, задоволен сум со резултатот. Реков дека немавме среќа кога го извлековме Ајнтрахт. Тоа е добар тим“, рекол Чави и дополнил.

„Теренот не беше во најдобра состојба. Тревата не беше добра. Кога ќе играме дома топката подобро ќе се движи“.

Констатацијата на тренерот ја поддржал и капитенот Серхио Бускетс.

Реваншот на „Ноу Камп“ ќе се одигра наредниот четврток.

Scroll to Top