Top Sport

Чави тврди дека новата ера на Барселона веќе започна

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез пред новата пресметка со Баерн Минхен во Лигата на шампионите се наврати на неговата изјава од декември 2021, кога кажа дека каталонскиот клуб влегува во „нова ера“.

Лани, по поразот од Баерн, Чави беше искрен: „Мораме директно да се соочиме со проблемите. Нема ништо друго. Нова ера почнува денеска. Почнуваме од нула“. Сега, со огромен број на засилувања како Роберт Левандовски, Жил Кунде, Рафиња, Франк Кеси и Андреас Кристенсен, доаѓа вистинскиот тест – меч против Баерн на „Алијанц арената“.

„Менталитетот е сменет. По ланскиот меч зборувавме многу. Дека ова е Барса, дека мора да се трча, да се покаже карактер. Имиџот не беше добар. Сега, го сменивме менталитетот и излегуваме на терен без комплекси. Новите фудбалери и победите ни ја вратија самодовербата, но во најважен чекор напред е карактерот и менталитетот на фудбалерите“, вели Чави.

Scroll to Top