Top Sport

Чави: Во светот нема подобар играч од Педри

Барселона, синоќа го победи Атлетик Билбао со 4:0. Еден од играчите кои блескаа на теренот беше 19-годишниот Педри.

„Као ја разбира и ја чита играта, како се движи меѓу линиите…Тој е како Андрес Иниеста. Прекрасен фудбалер“, рекол тренерот на Барселона, Чави и дополнил.

„Кога станува збор за талентот, јас досега не сум видел таков играч. Ова не го зборувам за да го пофалам, тој не го сака тоа. Модриќ и Де Брујне се великани, но тие го немаат она што го има Педри. Тој има вроден талент. Педри е најдобар во светот“.

Scroll to Top