Барселона повторно се поврзува со трансферот на Ерлинг Халанд, и тренерот на тимот, Чави Ернандез вели дека уште не сретнал фудбалер кој одбил понуда од Барселона.
Иако одби да каже дали го очекува потписот на ѕвездата на Борусија Дортмунд, кој има откупна клаузула од 75 милиони евра на крајот на сезоната, Чави е сигурен дека сите цели во летниот преоден рок ќе бидат остварени.
„Велите дека сум се сретнал со Халанд, не го заев тоа! Секогаш е добро време фудбалер да пристигне во Барселона. Мислам дека нема фудбалер кој кажал не на понуда од Барселона. Секој фудбалер кого сакаме да го донесеме, му го кажуваме нашиот фудбалски проект. Ако во својот клуб добивате 20 топки, тука ќе добиете 40. Клубот, градот кој е прекрасен, историјата на Барселона. Можам да убедам било кој фудбалер дека доаѓањето во Барса е златна шанса“, вели Чави.