Top Sport

Чави за Меси: Тој е најдобриот во историјата

Лионел Меси според многумина е најдобриот фудбалер во историјата, а легендата на Барселона Чави Ернандес верува дека Ернесто валверде со својата тактика му овозможил на Аргентинецот да ‘прави хаос’ во противничките одбрани.

Кога Нејмар замина од Барселона, голем број на фудбалски аналитичари сметаа дека играта на Каталонците ќе се распадне, но Меси и Барса играат одлична полусезона, немаат праз во ЛА Лига и на врвот имаа 14 бода повеќе од Реал.

„Валверде? Тој верува во моделот на Барселона 100 отсто. Тој го ревитализира духот на Барселона. Позиционата игра повторно има голема важност, а Меси прави хаос во противничките одбрани. Крилните играчи исто така имаат знајна улога бидејќи сега го напаѓаат просторот. Тука е и паулињо кој се придодава во нападот“, велеи Чави кој нема дилема дека Меси е најдобриот во историјата.

„Меси? Лео можа да направи се што ќе посака. Тој е тотален фудбалер, најдобар во историјата. Беше совршен крилен играч, а сега истот тоа го прави и низ средината. Има повеќе допири со топката од претходно. Згора на тоа тој е и добро момче. неговото однесување надвор од теренот е за пример.“

Оваа сезона Меси има постигнато 19 гола на 25 натпревари.

Scroll to Top