Судот го потврди обвинението против Барселона за поткуп на судии во случајот Негреиро. На Барселона сега и се заканува протерување од Европа, но и пропаѓање на проектот за нов стадион и терен за сите секции што ги гради во проект тежок 1,5 милијарди евра. Последната вест од Шпанија е дека во седиштето на Фудбалскиот сојуз, поточно во делот каде се наоѓаат просториите на судиската организација, полицијата извршила рација и дека врши претрес.
Барселона ја чека првенствената пресметка со Севиља во Ла Лига. На прес-конференцијата тренерот на Каталонците Чави Ернандез мораше да одговара на прашања поврзани со денешниот скандал. Тој ја отфрли секоја можност за вина на неговиот клуб.
„Не размислувам за тоа. Имам многу малку време и фокусиран сум на тимот. Што ни се случи во Мајорка, што не чека против Севиља. Не размислувам за тоа. Секоја наредна недела пристигнуваат нови вести. И веќе го знаете моето мислење. Погледнете ја архивата на весниците. Никогаш не се чувствувавме како судиите да не фаворизираат“, изјави Чави и призна дека неговиот тим се мачи повеќе од лани:
„Ги губиме дуелите, лошо сме позиционирани. И напаѓаме пред време. Ни недостасува мир. Има многу непотребно губење на топката. Секогаш е важно да се победи за да има добро чувство за следните натпревари. Не бевме добри во Мајорка. Ние го анализиравме. Утре можеме повторно да станеме лидери додека ги чекаме другите резултати.“, рече Чави.