Првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин неодамна ја повтори идејата за СП на секои две години.
„Таа идеја е веќе мртва, а беше уште поактуелна пред еден месец. Идејата е лоша затоа што е предвидено да се игра СП и ЕП на секои две години. Тоа значи секое лето еден месец турнир. Играчите и сега премногу играат, замислете после толку тешка сезона уште еден месец да играат на големо натпреварување“ објасни Чеферин.
Словенецот ја изнесе и својата идеја како фудбалот дополнително да се развива.
„УЕФА има трипати поголем буџет од ФИФА. Ти не го развиваш фудбалот ако се игра првенство на секои две години, затоа што постојано истите селекции ќе играат. За да се развива фудбалот можеби е потребно СП со 68 селекции. Можеби треба да се подели нешто од големите ФИФА резерви, да се инвестира во инфраструкутарата“ рече Чеферин.