Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин му одговори на холандскиот ас на Барселона, Френки де Јонг, кој се пожали на календарот на натпреварувања кој е пренапорен за фудбалерите, велејќи дека УЕФА ја интересираат само генерираните пари.
Де Јонг во интервју за „Де телеграф“ изјави дека УЕФА целосно го игнорира здравјето и безбедноста на фудбалерите, но Чеферин во изјава за „НОС“ вели дека 26-годишниот фудбалер од средниот ред не е „добро информиран“.
„Пред да зборува за тави работи, треба добро да се информира. Парите кои УЕФА ги заработува одат директно за развојот на фудбалот. Не одат на сметката на УЕФА, ниту кај мене лично. Честопати се обидувам тоа дад го објаснам, но многумина, како Де Јонг не слушаат. УЕФА враќа 97 отсто од приходот назад во фудбалот. Затоа има толку млади и талентирани играчи во Холандија, бидејќи вложуваме во националните федерации. Да не го правиме тоа, ниту еден играч нема да оди во големите клубови“, вели Чеферин.