Судот во Мадрид, минатата недела, пресуди дека УЕФА мора да ја запре постапката против Реал, Барселона и Јувентус. УЕФА реши да ја почитува одлуката на овој суд и ја запре постапката, но нема намера да се откаже од можните казни за бунтовниците.
УЕФА, од Апелацијата во Мадрид, побарале изземање на судијата, Мануел Руис де Лара, кој пресудил дека „европската куќа на фудбалот со дисциплинските постапки ги прекршила законите за слободна трговија во Европската унија“.
„Постојат сомнежи дека има неправилности во целиот процес. Очекуваме дека судијата ќе отстапи“, се наведува во соопштението на УЕФА.
Од Нион објавија дека ќе ги бранат своите интереси, интересите на своите членови и сите фудбалски актери.
УЕФА нема да води постапка против клубовите кои се откажаа од проектот Суперлига, но нема да запре кога се во прашање Барселона, Реал и Јувентус. Овие клубови не се откажуваат од Суперлигата.
„Реал, Барселона и Јувентус ќе добијат најтежки можни казни. Тие и понатаму веруваат дека Суперлигата постои. Тие се под закана, наредната сезона можат да бидат исфрлени од Лигата на шампионите“, фрекол претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.