Top Sport

Чех и Бељерин возат „Тесла“, Мхитаријан „Ламборџини“ (Фото галерија)

Што возач играчите на Арсенал? Фудбалерите кои добро заработуваат може да да си дозволат да возат скапи автомобили, но некои се скромни, а некои преку автомобилите ја покажуваа својата финансиска моќ.

Во актуелниот состав на Арсенал најскапи автомобили имаат фудбалерите кои во јануарскиот преоден рок го засилија тимот, Пјер-Емерик Обамејанг и Хенрик Мхитаријан.

Габонецот на тренинзите најчесто доаѓа во „Порше Панамера“, додека Ерменецот вози „Ламборџини“.

За разлика од нив најскромни се голманот Петр Чех и десниот бек Ектор Бељерин кои возат модели на „Тесла“.

Чех е сопственик на моделот „X“ кој вреди 74.530 фунти, додека Бељерин го вози моделот „S“ чија цена на пазаорт е 67.000 фунти.

Со скромноста се истакнува и Арон Рамзи кои вози „Ауди RS3“, а за возило на оваа марка се определил и Џек Вилшир.

„Ренџ Ровер“ возат Дени Велбек, Начо Монреал, Роб Холдинг и Калум Чејмерс, а за возилата на „Мерцедес“ се определиле Гранит Џака, Александар Лаказет и Џо Вилкок.

Scroll to Top