Top Sport

Чех: Нема да заминам од Арсенал

Голманот Петр Чех, изјавил дека ќе се бори за да го задржи своето место во Арсенал, негирајќи ги шпекулациите дека преговара за враќање во Челси.

Британските медиуми шпекулираат дека Чех преговара со својот поранешен тим, во случај Тибо Куртоа да замине во Реал Мадрид.

„Имам договор со Аренал и размислувам само за наредната сезона. Сакам да се борам за место меѓу диреците во мојот тим“, рекол Чех чии договор со Арсенал истекува наредното лето.

Искусниот, 36-годишен голман, до финишот на сезоната беше прва опција на голманската позиција. Финишот на сезоната голот на Арсенал го бранеше Давид Оспина.

Сега, новиот тренер Унаи Емери, во тимот го донесе повремениот германски репрезентативец Бернд Лено, кој треба да биде прва опција на голот, Чех ќе се пресели на клупата, а Оспина си бара нов тим.

„Вакви работи ми се случувале низ кариерата. Тоа ме тера само на уште понапорна работа“, завршил поранешниот репрезентативец на Чешка.

Scroll to Top