Top Sport

„Чеканите“ се засилија со легендата на Саутемптон, Ворд-Прауз

Вест хем јунајтед го потврдија трансферот на поранешниот капитен на Саутемптон, Џејмс Ворд-Прауз во договор вреден 30 милиони фунти.

Ворд-Прауз, кој помина две децении во Саутемптон и имаше над 400 настапи, треба да биде дел од „обновата“ во тимот на Дејвид Мојс по продажбата на Деклан Рајс на Арсенал.

„Ова е клуб кој расте последните години. По титулата од Конференциската лига, чувствувам дека ова е вистински момент да се биде дел од приказната“, вели Ворд-Прауз, кој има 17 гола од слободен удар во Премиерлигата, еден помалку од рекордот на неговиот идол, Дејвид Бекам.

Scroll to Top