Top Sport

„Челичниот“ Ван Дајк играл две недели со скршени ребра?

Дефанзивецот на Ливерпул, Виргил ван Дајк постојано добива инјекции за да може да игра за својот клуб, вели холандскиот селектор Роналд Куман, кој тврди дека неговиот фудбалер имал скршено ребра веќе две недели

 

Ван Дајк играше за својата репрезентација при 3:0 победата над Германија, но ќе го пропушти денешниот пријателски меч со Белгија, откако Куман реши да го одмори најскапиот бек на светот. Сепак, тој додава дека тој најверојатно ќе биде во составот на Ливерпул за саботното гостување во Хадерсфилд.

„Виргил играше со две скршени ребра неколку недели и постојано мораше да добива инјекции за да биде достапен на Ливерпул. Сакаше да игра против Германија и сега мораме да го вратиме на Ливерпул по консултацијата со медицинскиот тим“, вели Куман за холандскиот весник „Де Телеграф“.

Ливерпул не сакаа да го коментираат Куман, но оваа ситуација секако уште еднаш потсетува дека иако заработуваат луди цифри, професионалните фудбалери постојано се под притисок на своите клубови да го дадат максимумот. Дури и со скршени ребра.

Фото: ЕПА

Scroll to Top