Top Sport

Челино: Направив огромна грешка што го донесов Балотели

Претседателот на Бреша, Масимо Челино, вели дека „направил грешка“ кога го донел Марио Балотели во клубот од градот каде што Супер-Марио израсна.

Бреша се на последното место во Серија А и Челино вели дека не гледа иднина со Балотели во тимот, откако шпекулациите велеа дека тој воопшто не учествува на групните тренинзи на клубот.

„Не доаѓа на тренинзи, не изгледа воопшто посветен за иднината на клубот. Тоа е најголемиот проблем. Балотели има договор во Серија А, но тоа не значи дека има договор и во Серија Б. Така што ако испаднеме, тој нема да има договор“, вели Челино за „Би-би-си“.

Тој признава дека поранешниот тренер на клубот, Еугенио Корини не се снашол најдобро со Балотели, но вели дека е грешка што го врати во Серија А.

„Балотели очигледно веќе не сака да остане во Италија и не се однесува така. Двајцата направивме грешка. Мислев дека враќањето во неговиот град ќе донесе и посветеност“, додава Челино.

Scroll to Top