Top Sport

Челси бара мечот во Мидлсброу да се игра без публика

Фудбалскиот клуб Челси, побара, поради „заштитата на спортскиот интегритет“, четврт-финалето во ФА купот, против Мидлзброу, да се игра без публика.

Поради санкциите што му изрече владата на Велика Британија на Роман Абрамович, Челси продолжи да се натпреварува со специјална лиценца. Од санкциите не е поштеден ниту клубот, во Мидлзброу нема да ја има поддршката на своите фанови, бидејќи не смее да продава влезници.

Исто така, наместо со авион, фудбалерите 10 часа со автобус ќе патуваа до Мидлсброу.

„За ова натпреварува важно е да се одигра натпреварот Мидлзброу-Челси, но ние бараме да се игра без публика, за да биде испочитуван спортскиот интегритет.

Челси е свесен дека таква одлука би имала големо влијание врз Мидлзброу и неговите навивачи, но исто така веќе влијае врз нашите навивачи, кои дојдоа до влезници пред да бидат воведени санкциите. Веруваме дека најправедно е да се игра без публика“, стои во соопштението од „Стенфорд Бриџ“.

Челси ќе гостува во Мидлсброу, во сабота од 18:15 часот.

Scroll to Top