Top Sport

Челси бараат „попуст“ за Игуаин

Челси се надеваат дека ќе успеат да го направат трансферот на Гонзало Игуаин од Јувентус постојан за помалку од предвидената цена од 36 милиони евра.

„Сините“ платија 9 милиони евра за да ја преземат позајмицата од Милан минатиот месец, и се согласија на опција да платат 36 милиони евра во текот на летото за Аргентинецот, заедно со опција од 18 милиони евра да го продолжат договорот за уште една година.

Според „ЕСПН“, Челси се сигурни дека Јуве ќе прифати и пониска цена поради „финансиските обврски“ на италијанскиот шампион, кој потроши 112 милиони евра на Кристијано Роналдо за договор од 31 милиони евра по сезона и носењето на Арон Ремзи со годишна плата од 7.5 милиони евра.

Една „сопка“ во договорот е тоа што трансферот на Иугаин беше „тесно поврзан“ со менаџерот Маурицио Сари, чија позиција одеднаш не е толку сигурна по тешките порази од Бурнемаут и Манчестер сити. 31-годишниот Пипита постигна два гола за Челси против Хадерсфилд.

Фото: ЕПА

Scroll to Top