Top Sport

Челси без четворица против Вотфорд

Челси вечерва (18.30 часот) ќе гостуваат кај Вотфорд, а менаџерот Френк Лампард нема да може да смета на услугите на четворица фудбалери.

Дуелот со Вотфорд поради повреди ќе го пропуштат Антонио Ридигер, Нголо Канте, Рос Баркли и Андреас Кристенсен.

„Ридигер не е подготвен. Прочитав коментари дека ќе игра. Т оа не е точно. Во понеделник ќе оди на контрола, потоа ќе видиме што понатаму. Канте е блиску до враќање но нема да игра, се надевам дека ќе биде подготвен за дуелот со Ајкас наредната недела. Рос исто така не е подготвен, но и тој бргу ќе се врати во тимот. Андреас се чувствува добро, а откако ќе ги одработи фитнес-тренинзите ќе видиме во каква е состојбата“, рекол менаџерот на „сините“ Лампард.

Scroll to Top