Top Sport

Челси без мака со Њукасл (видео)

Челси лесно го мина четвртото коло од ФА купот, откако на „Стемфорд бриџ“ падна тимот на Њукасл јунајтед со убедливи 3:0 по двата гола на често критикуваниот Мичи Батшуаи и одличниот слободен удар на Маркос Алонсо.

Њукасл имаше солиден старт, но Челси двапати добро ги искористи шансите во првите 45 минути. Прво по одличното додавање на Педро, Еден Азар и Маркос Алонсо го „најдоа“ Батшуаи кој лесно ја смести топката во мрежата, за потоа Азар директно да го најде Белгиецот Батшуаи за уште еден гол.

Во 72. минута од мечот, Маркос Алонсо со фантастичен гол од слободен удар го запечати пласманот на Челси во осминафиналето на ФА купот. Во мечот шанса доби и Рос Баркли, новото засилување на „Сините“ од Евертон, откако влезе во 73. минута на местото на одличниот Азар.

Scroll to Top