Напаѓачот на Челси Алваро Мората нема да биде подготвен за вечерашниот натпревар против Хадерсфилд во 17.коло во Премиер лигата.
Шпанскиот напаѓач почувствувал болки во грбот по дуелот со Вест Хем во саботата.
„Мората е надвор од конкуренција. Малку е уморен и има проблеми со грбот“, потврди менаџерот на Челси, Антонио Конте.
Покрај Мората во тимот ќе го нема и дефензивецот Давид Луиз, кој се уште не се рехабилитирал од повредата на коленото.
Менаџерот на Челси за овој меч ќе може да смета на услугите на Дени Дринквотер.
Натпреварот Хатерсфилд-Челси ќе започне во 21 часот, а вечерва на програмата се уште и дуелите Кристал Палас-Вотфорд и Барнли-Стоук.