Top Sport

Челси го сака Сара за нов менаџер

Актуелниот шампион во Премиер лигата, Челси, го одбрал Маурисио Сари за наследник на Антонио Конте. Според италијанските медиуми сопственикот на Роман Абрамович за овој трансфер бил подготвен да плати осум милиони евра.

Конте има договор со Челси во наредните 18 месеци, но поради резултатите кои ги постигнува тимот гласни се шпекулациите дека тој ќе го напушти „Стенфорд Бриџ“ по завршувањето на сезоната.

Исто така раководството е незадоволно од Конте и неговите изјави за трансфер политиките на клубот.

Во договорот на Сари со Наполи постои клаузула која овозможува неговиот договор да биде откупен за осум милиони евра до 31.мај.

Наполи е лидер во Серија А со 18 победи, три нерешени и само еден пораз.

Scroll to Top