Top Sport

Челси го сакаат Луис Кампос како нов спортски директор

Челси се заинтересирани да го привлечат советникот на Пари Сен-Жермен, Луис Кампос како нов спортски директор, кој во јануари заедно со новиот менаџер Греем Потер ќе влезат во ново големо трошење на пари за засилувања, тврди „Тајмс“.

58-годишниот Кампос работи како советник за фудбал во ПСЖ од јуни откако претходно беше ангажиран од Лил, Монако и Реал Мадрид. Новите газди на Челси, предводени од Американецот Тод Бели, според „Тајмс“ не се задоволни од водството и структурата на клубот, откако претходно Марина Грановскаја беше „десна рака“ на Роман Абрамович задолжена за засилувања.

Кампос во три сезони во Лил, обезбеди 310 милиони евра во излезни трансфери и создаде тим кој во 2021 година ја освои француската титула под водство на Кристоф Галтие, кој сега е тренер на Пари Сен-Жермен.

Во Монако и Лил, Кампос успеа да ги продаде Свен Ботман, Фабињо, Рафаел Леао, Томас Лемар, Виктор Осимен, Никола Пепе, Бернардо Силва, и секако, Килијан Мбапе за 185 милиони евра.

Scroll to Top