Top Sport

Челси го сакаат Сари на местото на Конте?

Британскиот таблоид „Сан“ тврди дека Челси се подготвени да го заменат италијанскиот стратег Антонио Конте со уште еден Италијанец – сегашниот шеф на Наполи, Маурицио Сари.

„Сините“ се подготвени да му дадат на 58-годишниот Сари 9 милиони фунти годишно, откако тој го трансформираше тимот на Наполи, за фантастичен старт на сезоната во Серија А, но уште поважно, со атрактивен и напаѓачки фудбал.

Наполи има 8 победи во првите 9 меча од шампионатот, за најдобар старт на сезоната во историјата. Сари дојде од Емполи во 2015 година да го замени Рафаел Бенитез во Наполи.

Сари има клаузула за прекин на договорот со Наполи вредна 6.75 милиони фунти, нешто што е мала пречка за финансиски силен тим како Челси.

Од друга страна, Конте и Челси немаат најдобар старт на сезоната со само 16 поени, девет помалку од лидерите во Премер лигата, Манчестер сити. Конте, според истражувањата во Англија ја има поддршката од над 95 отсто од навивачите на Челси, иако постоеја шпекулации дека тој е во конфликт со голем број од играчите, најмногу поради неговите напорни тренинг-сесии.

Scroll to Top