Top Sport

Челси го земаа најголемиот талент на Дерби

Челси го купија првиот фудбалер во зимскиот преоден рок, земајќи го 18-годишниот лев бек на Дерби каунти, Дилан Вилијамс, откако менаџерот на финансиски погодениот клуб од Чемпионшип, Вејн Руни изјави дека „не може да стои на патот за ваква шанса“.

Тинејџерот почна да биде редовен во тимот на Руни во текот на оваа сезона, настапувајќи девет пати за првиот тим.

„Пресреќен сум што потпишав за еден од најголемите клубови на светот. Благодарам на сите од Дерби каунти кои помогнаа да дојдам до оваа шанса. Едвај чекам да почнам со Челси“, напиша Вилијамс на Инстаграм.

Трансферот во исто време ќе донесе многу потребни пари за стечајниот управник на Дерби, кои мораат да најдат 5 милиони фунти до крајот на февруари за клубот да продолжи да функционира. Вилијамс е петти фудбалер кој си заминува од Дерби овој месец по Дејвид Маршал, Фил Џагиелка, Греем Шини и Сем Балдок. Дерби се на 23. место во Чемпионшип со осум поени од безбедната зона откако им беа одземени неверојатни 21 поени оваа сезона поради финансиските проблеми.

Scroll to Top