Челси се подготвени да се „наддаваат“ со Барселона за да го добијат левиот бек на Ајакс, Николас Таљафико, а уште постои интерес и од Атлетико Мадрид.
Според „Скај спортс“, Челси гледаат во 27-годишниот Аргентинец како идеална замена за Бен Чилвел, а во игра е и дефанзивецот на Реал Мадрид, Серхио Регуилон.
Таљафико, кој има 25 настапи за аргентинската репрезентација, може да стане вториот фудбалер на Ајакс кој се преселил на „Стемфорд бриџ“ пред новата сезона по пристигнувањето на Хаким Зијеш. Таљафико постигна пет гола и имаше пет асистенции во 38 меча за Ајакс минатата сезона и има договор со клубот од Амстердам до 2022.