Top Sport

Челси и Сари во „лов“ на Кристијан Пулишиќ

Менаџерот на Челси, Маурицио Сари сака договор со талентираниот американец Кристијан Пулишиќ во јануари, но во исто време може да го загуби англискиот талент Калам Хадсон-Одои, јавува британскиот „Сан“.

20-годишниот Пулишиќ уште одамна им објави на Борусија Дортмунд дека сака трансфер на „Стемфорд бриџ“ следното лето, но „сините“ се надеваат на договор во јануари за 60 милиони фунти, тврди „Дејли мејл“.

Во исто време доаѓањето на уште еден играч од средниот ред во Челси, покрај Вилијан, Педро и Еден Азар, значи дека има многу малку шанси 18-годишниот Хадсон-Одои да добие шанса во првиот тим и тој може да се реши за ист пат како неговиот колега од У-17 репрезентацијата на Англија, Џејдон Санчо, и може да му се приклучи во германската Бундеслига.

Фото: ЕПА

Scroll to Top