Top Sport

Челси им го „украдоа“ Рафиња на Арсенал?

Вообичаено доверливиот Фабрицио Романо тврди дека Челси и Лидс се договориле за трансфер на Бразилецот Рафиња, со сума од 60-тина милиони фунти, по што „сините“ преговараат за личните услови на фубалерот.

Се веруваше дека Рафиња сака трансфер во Барселона, но дека Арсенал се најблиску до неговиот потпис, но Челси со новиот газда Тод Бели успеал да се договори со ривалот од Премиерлигата.

За Лидс, пак, ова значи губење на еден од нивните најдобри фудбалери, но со 60 милиони фунти, Џеси Марш ќе може да смета на засилувања до крајот на преодниот рок.

Scroll to Top