Top Sport

Челси и Интер се меѓу тимовите против кои Меси не може да погоди

Од сите тимови против кои играл во својата долга кариера, „феноменот“ на Барселона, Лионел Меси нема постигнато гол само против 12 противници, еден од нив вечерашниот противник во Лигата на шампионите, Челси.

Бидејќи кариерата на Меси започна како на негови 17 години во октомври 2004 година, односно во речиси 13 и пол години настапи за Блауграна, само 12 противници останале „нечепнати“. Еден од нив може да биде минато веќе во вторник во мега-дуелот од осминафиналето на ЛШ.

Но, кои се другите тимови?

– Гранемет. Малиот клуб од Каталонија, Граменет прв го остави Меси без голови, откако во неговиот трет меч за тимот, го доживеа првиот пораз во Копа дел Реј. Тоа е единствениот дуел на Меси против овој тим.

– Удинезе. Меси се сретна со Удинезе во Лигата на шампионите во септември 2005 година, во меч во кој Роналдињо имаше хет-трик при 4:1 победата. Меси излезе од игра во 70-тата минута и потоа не беше во составот за реваншот во Италија.

– Кадиз. Во декември 2015, Меси не успеа да погоди при 3:1 победата над Кадиз во Ла лига, иако асистираше при голот на Самуел Ето. Тој беше повреден во мечот, пред Кадиз да испадне од елитата.

– Реал Мурсија.  Сезоната 2007/08 не беше најдобра за Блауграна – Барса беше трета во лигата со 18 поени заостанување зад Реал Мадрид. Во последниот меч од сезоната, тие победија со 5:1 против Мурсија во последниот меч од сезоната, а Меси имаше „само“ две асистенции. Иако, Барселона уште неколку пати играше против Мурсија оттогаш, но Меси не играше во тие натпревари.

– Ал Сад. Ал Сад беше катарскиот противник во полуфиналето на Светското клупско првенство во 2011, кога Барселона победи со 4:0, но Меси не постигна гол. Тој можеше да се пофали со асистенција за Кеита за третиот гол.

– Џирона. Новакот во Ла лига и каталонски ривал Џирона загуби од Барселона со 3:0, но Меси не беше стрелец – ривалите си постигнаа два автогола, а третиот го даде Суарез. Меси ќе има шанса да стрела против Џирона веќе овој викенд.

– Ливерпул. Ливерпул предводен од Рафаел Бенитез, успеа да ја мине Барселона во осминафиналето на ЛШ. „Црвените“ победија со 2:1 на „Ноу Камп“, пред Барселона да победи во Англија со 0:1. Меси ги стартуваше и ги заврши двата натпревари, но не постигна гол. Оттогаш двата тима се немаат сретнато.

– Бенфика. Меси се сретна со португалскиот гигант во четврт-финалето на ЛШ во 2006, кога ја освоија титулата. Аргентинецот не играше во натпреварите поради повреда. Тој немаше гол, но имаше две асистнеции против „Орлите“ .

– Херез. Меси има добар изговор за „слабата“ форма против шпанскиот клуб. Иако двапати играше со него во 2009/10 во Ла лига, тој двапати влезе во второто полувреме во тимот на Пеп Гвардиола.

– Интер. Италијанскиот тим предводен од Жозе Мурињо ги сопре Блауграна на пат до титулата ЛШ со драматичното полуфинале во 2010 година.

Двата тима четири пати се сретнаа во натпреварувањето, откако играа и во истата група, но Меси трипати беше во тимот и не успеа да постигне гол.

Рубин Казан. Барселона и Меси четири пати имаат играно против незгодниот руски противник Рубин Казан во Европа. Во четири меча, Меси нема гол, а Барса има една победа, две ремија и еден пораз.

и секако…

ЧЕЛСИ

Дуел со многу историја, судирот меѓу двата тима носи со себе багаж на возбуда и контроверзи. Од осумте дуели против тимот од „Стемфорд бриџ“ во последните 12 години, Меси само еднаш бил на победничката страна, во 2005/06. Тој имаше клучна улога во највозбудливиот дуел меѓу двата тима, кога го намести голот на Андрес Иниеста на гости за пласман во финалето. Вечерва во деветтиот обид повторно ќе има шанса.

Судар на титаните во Лондон, Баерн го чека Бешикташ

Scroll to Top