Минатото лето поради суспензијата што им ја изрече ФИФА Челси не беа активни на трансфер-пазарот, меѓутоа откако спортскиот суд (ЦАС) им ја намали суспензијата за шест месеци стана јасно дека „сините“ ќе бидат многу кативни во јануарскиот преоден рок.
„Дејли експрес“ тврид дека менаџерот на Челси Френк Лампард во тимот сака да го има играчот на Реал Мадрид, Иско.
Според овој извор Челси веќе испратиле понуда во Мадрид тешка 44 милиони фунти.
Иско шест и пол години е играч на Реал, одиграл 290 натпревари и постигнал 48 гола, но во последните 18 месеци неговата кариера се движи по надолна линија.
Многу е реално Реал да ја прифата понудата од Челси бидеји парите од трансферот на Иско ќе можат веднаш да ги инвестираат во Кристијан Ериксен од Тотенхем.
Сезонава Иско има одиграно 13 натпревари за Реал.