Top Sport

Челси ќе мора без повредениот Канте

Играчот на средниот ред на Челси, Н’Голо Канте го очекува пауза од речиси месец дена поради повреда на бутниот мускул добиена во квалификациите за СП.

Францускиот репрезентативец се повреди при 1:0 победата на гости во Бугарија, и го пропушти следниот меч со Белорусија. 26-годишниот Канте ќе паузира 25 дена, открива менаџерот на „сините“, Антонио Конте.

„Ова е голема загуба за нас, бидејќи сите добро знаете колку вреди Н’Голо Канте во нашиот тим. Немаме друг таков играч“, вели Конте.

Челси, кои се четврти на табелата со 13 поени по седум натпревари, исто така има проблем со повредата на напаѓачот Алваро Мората, додека новото засилување на тимот, Дени Дринквотер уште го нема дебито на клубот поради повреда на ногата.

Scroll to Top