Top Sport

Челси ќе му овозможи на Кепа да се пресели во Баерн

Челзи ќе му дозволи на голманот Кепа Аризабалага да ја продолжи кариерата во Баерн, пренесува „Јуроспорт“.

Баерн е во потрага по голман бидејќи Мануел Ноер допрва треба да се опорави од операцијата на ногата, додека Јан Зомер се пресели во Интер. Најавите се дека Ноер ќе го пропушти првиот дел од сезоната.

Шампионот во Бундеслигата имаше желба да го ангажира голманот на Брентфорд, Давид Раја, но тој се реши да остане во Премиер лигата и да му се приклучи на Арсенал.

Челзи неодамна го ангажираше голманот на Брајтон, Роберт Санчез, поради што е подготвен да му дозволи на Аризабалага да се пресели во Баерн. Клубовите сега треба да се договорат околу обесштетувањето.

Аризабалага (28) пристигна во Челзи во 2018 година од Атлетик Билбао за околу 80 милиони евра, што претствува рекорден голмански трансфер. Тој има договор со „сините“ клуб до јуни 2025 година. Шпанскиот голман во Челси соработуваше со актуелниот тренер на Баерн Томас Тухел. Интересно тогаш, поради лошата форма во која се наоѓаше Кепа, Тухел реши да го ангажира сенегалскиот голман Едуард Менди.

Scroll to Top