Според шпекулациите во англиските медиуми, Челси се обидуваат да избегнат да платат отштета на тренерот Антонио Конте со тврдење дека тој го оштетил тимот со трансферот на Диего Коста.
Иако се верува дека Челси веќе се имаат договорено со досегашниот тренер на Наполи, Маурицио Сари, премиерлигашот ќе се обиде да избегне да плати за двајцата тренери – клаузулата на Конте има отштета од 11 милиони евра ако тој биде отпуштен пред јуни 2019, а Сари иако беше сменет со Карло Анчелоти, во Италија има практика тренерите да останат под договор со клубовите, така што и за него ќе треба да се платат пари.
Сега, адвокатите на Роман Абрамович сакаат да склучат договор со Конте дека не му должат пари со тврдењето дека тој ужасно се справил со ситуацијата со Диего Коста и неговото заминување во Атлетико Мадрид.
Конте го отпушти Коста со СМС-порака по освојувањето на титулата минатото лето, информирајќи го дека не е во плановите на тимот од Лондон. Коста се врати во Бразил и чекаше до јануари пред да направи трансфер во својот стар клуб Атлетико во јануари.
Фото: ЕПА