Фудбалерите на Челси го совладаа Саутемптон со 2.0 и изборија пласман во финалето на ФА купот.
Екипата на Атнонио Конте игра лошо оваа сезона, но со триумфот над Саутемптон доби можност да се бори за трофеј.
Челси ја заслужи победа на „Вембли“, бидејќи во сите статистички параметри беше подобар, а доколку Мората ги реализираше своите шанси победата можеше да биде и поубедлива.
Жиру постигна прекрасен гол во 46.минута. Францускиот напаѓач успеа да се ослободи од четворица противнички играчи и да ја затресе мрежата.
На вториот гол се чекаше до 82.минута кога Алваро Мората по центаршутот на Аспиликуета го постави конечниот резултат.
Финалниот меч во ФА купот се игра на 19.мај, а противник на Челси ќе му биде Манчестер јунајтед.