Top Sport

Челси со лута реакција за шпекулациите за Анчелоти

Од тимот на Челси реагираа луто на шпекуалциите во англиските весници дека Карло Анчелоти ќе го замени Антонио Конте на менаџерската позиција, откако поранешниот тренер Стив Холанд добил СМС-пораки од незадоволните играчи кои сакаат тој да се врати.

Портпаролот на клубот ги нарече овие вести „целосни глупости“ и демантираше дека некој контактирал со Холанд, кој замина оваа сезона за да стане помошник на англискиот селектор, Герет Саутгејт.

Конте, кој играше за Јувентус кога Анчелоти беше тренер, беше уште полут на шпекулациите.

„Ова е целосно непочитување. Тие се обидуваат да направат проблеми меѓу мене, клубот и играчите. Не е добро што таа личност ми праќа пораки да ми каже дека тоа не е вистина“, вели Конте.

Италијанскиот стратег беше под критики по поразите од Манчестер сити и Кристал Палас и 3:3 ремито со Рома во Лигата на шампионите. Но, оттогаш Челси стигнаа до 4:2 победа над Ватфорд и 2:1 победа над Евертон во Лига-купот.

Scroll to Top