Top Sport

Челси мора да оди по титула, Абрамович не троши за четврто место

Поранешниот фудбалер на Челси, Крег Барли го предупреди менаџерот на тимот, Френк Лампард дека по потрошените пари ова лето, Роман Абрамович ќе очекува титула и нема да толерира неуспех.

„Сините“ во два преодни рока не купија играчи поради казната од УЕФА, но затоа ова лето се убедливо најактивниот англиски клуб на пазарот, трошејќи огромна сума пари. На „Стемфорд бриџ“ веќе се Хаким Зијеш, Тимо Вернер, Бен Чилвел, Маланг Сар и Тијаго Силва, а исто така се „ветени“ и Каи Хаверц и уште еден голман, засилувања со кои „сините“ мораат да се вратат во борба за титулата во Премиер лигата.

„Френк ќе мора да ги исполни очекувањата, или ќе биде отпуштен. Тој е легенда на навивачите на Челси поради неговите успеси таму, но Абрамович не го води тимот на сентименталност и засега ја има неговата поддршка. Лампард знае дека мора да се докаже, иако видовме доста од неговиот стил на игра минатата сезона. Мислам дека најголем проблем е одбраната и тука мора да ја среди работата. Челси и Манчестер јунајтед заостанаа 30 поени зад Ливерпул и двата клуба ќе мора драстично да ја намалат оваа разлика. Четвртото место нема да биде доволно со 33 поени заостанување“, вели Шкотланѓанецот.

Scroll to Top