Top Sport

Челси му го продолжиле договорот на Енцо Фернандез до 2032!

Челси ја искористиле опцијата во договорот на аргентинскиот фудбалер од средниот ред, Енцо Фернандез, за да му го продолжи до неверојатната 2032 година.

Фернандез потпиша за Челси во јануари во трансфер од Бенфика вреден астрономски 106.8 милиони фунти, и тогаш потпиша осумиполгодишен договор со клубот од „Стемфорд Бриџ“. И покрај тоа што наполни 22 години во јануари, Фернандез е најдобриот фудбалер во очајниот тим на „сините“, и е постојан првотимец.

Англиските медиуми исто така шпекулираат дека Фернандез веќе го има својот фаворит за постојан менаџер на Челси, препорачувајќи им го поранешниот тренер на Ривер Плата, Марсело Галјардо.

Scroll to Top