Top Sport

Челси не го дава Азар

Англискиот премиерлигаш, Челси, ќе се обиде да го задржи својот најдобар играч, Еден Азар, така што ќе му понуди значително зголемување на платата.

Белгиецот, има договор со Челси до јуни 2020 година, според кој неговата плата изнесува 230.000 фунти. Во обид да го задржи на „Стенфорд бриџ“, клубот му нуди неделна плата од 336.000 фунти, што е двојно повеќе од она што го заработува вториот најплатен играч во Члеси, Сеск Фабрегас.

Азар е примарна цел на Реал Мадрид во овој преоден рок, а фудбалерот никогаш не криел дека има голема желба да го облече дресот на „кралскиот клуб“. Според шпекулациите Реал понудил 195 милиони евра за Азар.

Азар во Челси пристигна пред шест години од Лил, а со текот на годините стана најдобар играч на „сините“ и еден од најдобрите во Премиер лигата.

Scroll to Top