Top Sport

Челси не го очекуваат Лукаку на тренинзите, чекаат на договор со Интер

Челси му соопштиле на Ромелу Лукаку да не се појавува на тренинзите пред стартот на сезоната, очекувајќи да се договорат со Интер за трансфер на белгискиот напаѓач, тврди „Телеграф“.

Новиот менаџер на Челси, Маурисио Почетино неодамна изјави дека го очекува Лукаку во среда на подготовките во Кобам, но според „Телеграф“, на тимот му е јасно дека Лукаку нема намера да заигра на Челси и затоа сметаат дека неговото присуство ќе донесе само штета.

Токму затоа, тие им дадоа дополнително време на Интер да се договорат за постојан трансфер, за кој бараат 45 милиони евра, и не се подготвени да се договораат за нова позајмица. Интер, пак, нуди минимални 25 милиони евра, така што не е јасно дали Челси ќе „попушти“ или ќе бара друга опција, како клуб од Саудиска Арабија.

Scroll to Top