Top Sport

Челси не знаат дали смеат да сметаат на Вилијан и Педро

Челси не се сигурни дали ќе можат да сметаат на Вилијан и Педро кога ќе рестартира сезоната од Премиер лигата, продолжувајќи ги преговорите за продолжување на договорот.

Лампард не знае дали двојката ќе ги потпиѓе договорите со клубот по 30 јуни, со што би ја завршиле сезоната. Според „Телеграф“, двајцата фудбалери се подготвени да потпишат продолжување на договорот, но главен проблем се обештетувањата доколу се повредат во последните мечеви од 2019/20.

За Бразилецот Вилијан и Шпанецот Педро има заинтересирани клубови од Премиер лигата и од Европа, така што тие сакаат да имаат сигурен трансфер пред да продолжат на неколку месеци со „сините“. Вилијан е поврзуван со Тотенхем и Арсенал откако изјави дека би сакал да остане во Премиер лигата, додека Педро преговарал со Рома и Валенсија.

Доколку двајцата не ги продолжат договорите, Лампард ќе мора да се потпре на Кристијан Пулишиќ, Калам Хадсон-Одои и Мејсон Маунт за да го пополни нивното место.

Scroll to Top