Top Sport

Челси подготвени да дадат 50 милиони фунти за Кавани

Челси се подготвени за уште два трансфери во зимскиот преоден рок, тврди англискиот „Експрес“, со изненадувачко доаѓање на напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Единсон Кавани за одлични 50 милиони фунти.

Со трансферот на Уругваецот, кој беше најскап француски трансфер кога дојде во ПСЖ од Наполи пред шест години, Маурицио Сари би ги решил проблемите во нападот, откако Челси има само 38 гола во Премиер лигата, најмалку од топ 6 клубовите.  31-годишниот Кавани има 324 гола во 519 настапи.

Друг фудбалер кој е на „радарот“ на Сари е играчот од средниот ред на Каљари, Николо Барела, за кого Челси би платиле 45 милиони фунти, но слично како во трансферот на Кристијан Пулишиќ, тој би останал до крајот на сезоната во Италија пред во текот на летото да стигне до „Стемфорд бриџ“. 21-годишниот Барела го сметаат за еден од најголемите таленти на италијанскиот фудбал.

Според британските медиуми во следните два трансфер-периоди, Сари има „зелено светло“ од управата на тимот да го „трансформира“ составот, почнувајќи со Цеск Фрабрегас, кој во саботата се збогуваше со фановите во 2:0 победата над Нотингем форест во ФА купот.

Фото: ЕПА

Scroll to Top