Top Sport

Челси подготвиле 120 милиони евра за СМС

Трансферот на фудбалерот на Лацио Сергеј Милинковиќ-Савиќ (СМС) ќе биде приоритет за Челси во летниот преоден рок.

„Месаџеро“ пишува дека тренерот Френк Лампард наскоро ќе испрати богата понуда. Според истиот извор Челси биле подготвени да платат 120 милиони евра колку што бара првиот човек на Лацио Клаудио Лотито за еден од своите најдобри фудбалери.

Лампард верувал дека СМС одлично би се вклопил во средниот ред на Челси заедно со Нголо Канте и Жоргињо.

Покрај Челси за услугите на српскиот репрезентативец интерес покажува и ПСЖ.

Scroll to Top